Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Случајот е во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната...

Во скопскиот Кривичен суд, продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април. Случајот е во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната. „Не постоеше план за насилство на конститутивната седница на 27-ми април 2017 година, ниту за загрозување на уставниот поредок во државата“, сведочеа дел од пратениците од минатиот состав кои беа повикани од одбаната на екс-спикерот Вељаноски.
Во предметот се обвинети поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Се товарат за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
