Брегзит: Итен состанок во Лондон поради најавите од Британија за спорен закон

10.09.2020 10:58

ЕУ ја предупреди Британија да го почитува потпишаниот договор...

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ во посета на Лондон на итни разговори за Брегзит. Официјален Брисел изрази загриженост поради навестувањата од Обединетото Кралство за објавување закон којшто го нарушува меѓународното право со блокирање на делови од обврзувачкиот договор за излез од Унијата.

Блокот претходно ја предупреди Британија дека и најмалото непочитување на спогодбата за повлекување дополнително ќе ја зголеми недовербата околу спорните трговски преговори.