САД

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Портланд

10.09.2020 11:21

Најчеста цел на демонстрантите се полициските објекти и зградите на федералната власт.

Полицијата употреби гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои веќе три месеци се собираат на протести поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Најчеста цел на демонстрантите се полициските објекти и зградите на федералната власт.

Претседателот Доналд Трамп испрати 100 агенти од Одделот за национална безбедност што дополнително го разгори револтот меѓу групите кои се борат против полициската бруталност и расизмот.