Над 28 милиони заразени со Ковид-19 на глобално ниво
Најголем број на заразени и починати има во САД и Европа. Во Италија – едно од жариштата на пандемијата на Стариот континент – учебната година ќе почне на 14 септември.

Бројот на заразени лица со ковид-19 надмина 28 милиони на светско ниво. Од последици предизвикани од болеста починале 900.000 луѓе. Со новиот коронавирус успешно се справиле повеќе од 20 милиони.
Најголем број на заразени и починати има во САД и Европа. Во Италија – едно од жариштата на пандемијата на Стариот континент – учебната година ќе почне на 14 септември.
Словенија ќе го намали времетраењето на задолжителниот карантин од две седмици на 10 дена. Во Јужна Америка се регистрирани над 300.000 починати од ковид-19. Во Кина се пријавени седум нови случаи потврдени кај патници од странство.
