Ковид-19

Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда

10.09.2020 12:11

За да можат тоа да го реализираат, Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој термин. Од здруженијата се задоволни од средбата, бидејќи како што велат ќе има индивидуален пристап, поради различноста на болеста од пациент до пациент.

Хронично болните до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и болеста не можат да се вратат на работа. Ова било заклучено на утринската средба на министерот за здравство и здруженија на пациенти.

За да можат тоа да го реализираат, Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој термин. Од здруженијата се задоволни од средбата, бидејќи како што велат ќе има индивидуален пристап, поради различноста на болеста од пациент до пациент.

Надлежните најавуваат ново пролонгирање, ако до 23-ти септември хронично болните не успеат да добијат потврда од специјалист.