Убиство во Гостивар: Маж со нож и секира ја усмртил сопругата
10.09.2020 12:19
Грозоморно убиство во Гостивар. Мажот ја усмртил сопругата. Подолго време имале нарушени односи. Осомничениот по извршеното кривично дело побегнал и засега е недостапен на полицијата. Телото на починатата е предадено на обдукција...

Убиството се случило во спалната соба на брачниот пар во гостиварската населба Бањешница. Викотници ги разбудиле соседите околу 6 часот, период кога било извршено крвавото убиство. 33 годишниот син ја пронашол неговата мајка на креветот од спалната соба, по што случајот веднаш го пријавил во полиција
И првичните сознанија на Обвинителство се дека осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Надлежните имаат извршено увид, се работи на целосно расветлување на случајот.
Зоран Димовски
