Ковид-19

И покрај строгите протоколи, дел од родителите не ги пуштија децата во градинка

10.09.2020 12:54

Во градинките, строго почитување на алгоритмите и протоколите за прием на најмладите. Сепак, дел од родителите, како да се исплаштија од ваквите препораки. Сѐ уште остануваат слободни места. Надлежните тврдат дека децата се безбедни во градинките...

Иако вчера градинките после шест месеци ги отворија своите врати, некои родители не се охрабрија да ги пуштат децата во градинка. Оставија времето да покаже како ќе функционираат протоколите.

Во Прилеп околу 20 проценти од запишаните децата тргнале во градинка, во Охрид и во Штип 30. Во Тетово поливина од дечињата се вратиле во предучилишните установи.  Во Куманово 250 родители доставиле изјави дека сакаат детето да им оди во градинка, но првиот ден биле присутни 170. Во Струмица тргнале околу 45 проценти од запишаните деца.

Во градинката „Срничка“ во Аеродром од запишаните приближно 600 деца, вчера дошле околу 300. Близначињата Ева и Никола и изутринава пристигнаа на време. Нивниот татко вели дека правилата за хигиена мора да се почитуваат, но и родителите и градинките треба да се приспособуваат на пропишаните правила за носење и земање на децата.

„Направивеме некои комбинации да ни биде полесно и нам, а да се прилагодиме и на протоколите. Работодавачите мора да имаат разбирање“, вели родилтелот.

Директорката на градинката вели дека детектираните проблеми ќе ги решваат во од.

„Најголем проблем и она што беше збунувачко за родителите е околу носењето на децата. Разбираме дека има родители кои одат на работа со организиран превоз, им тругнува да речеме во 6 часот за ставени се во група децата да ги носат од 7 до 7 и 30. Ќе гледаме групите да ги смениме, градинката е флексибилна. И министерката ни даде одврзани раце, тоа е оставено на директорите да го изменат и менаџираат. Меѓутоа јас не можам да држам дете до 18 часот, ако родителот работи до 14. Се разбира дека се е по протокол“, вели  Александра Јелиќ Исаиловска, директор на Градинка Срничка – Општина Аеродром.

Јелиќ Исаиловска го разбира стравот на родителите, но се надева дека ќе се уверат дека децата во градинките им се безбедни и овој број ќе расте. По новите протоколите во градинките во Македонија се запишаа 14.500 деца, останаа слободни уште 4.500 места.

Наташа Јанчиќ