Експерти од Газпром наскоро во Македонија
Се вршат детални анализи кои треба да ја одредат маршрутата на кракот од гасоводот и вредноста, условите и роковите за снабдување на земјава со руски природен гас...

Експерти од рускиот енергетски гигант Газпром деновиве доаѓаат во земјава за да работат на реализација на спогодбата што македонската Влада ја потпиша лани на 23 јули во Москва за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ кон Македонија.
Се вршат детални анализи кои треба да ја одредат маршрутата на кракот од гасоводот и вредноста, условите и роковите за снабдување на земјава со руски природен гас.
По физибилити студијата руски Газпром и Македонски енергетски ресурси се очекува да формираат заедничка компанија за проектот за изградба на крак со удел од по 50 проценти.
Со гасоводот „Јужен тек“ земјава ќе добие долгорочна енергетска стабилност, бидејќи ќе се обезбедат потребните количини на евтин гас и за индустријата и домаќинствата, изјави лани премиерот Никола Груевски по посетата на Москва.
