Колку ќе тежи четвртиот пакет мерки ќе зависи од ребалансот
Економски раст од четири проценти, одржлива економија која носи предвидливост, намалување на сиромаштијата на 16 насто, ова се дел од приоритетите на кои владиниот економски тим вели дека ќе се фокусира. Вицепремиерот Битиќи ги повика синдикатите, коморите и експертите заедно да ја креираат платформата за економски развој.

Колку ќе биде тежок четвртиот пакет мерки ќе зависи од ребалансот на буџтеската каса. Каде ќе бидат насочени антикризните мерки и финансиската поддршка ќе се знае следната недела. Владата веќе најави дека финансиска поддршка покрај за плати и враќање на отпуштени работници во компаниите, ќе има и за зголемување на потрошувачката моќ на одрдени категории граѓани.
Вицепремиерто за економски прашања убедува- еднострани чекори нема да има, се работи во консултавии со сте чинители. Од проектираните 550 милиони евра за мерките за заштита од ковид, досега граѓаните и стопанството искоритиле помалку од половина.
Според Битиќи, од задолжувањата се одлеани 70 насто од средствата за да се подобри ликвидноста на компаниите, остатокот што државата го има на располагање, вели ќе биде почетна основа за планирање на пакетот економски мерки за кои се најавува дека ќе бидат опфатени и други категории
„Не може да има големи отстапки од претходните бидејќи ја следат структурата на БДП. Четвртиот пакет мерки ќе се структурира во таа низа мерки и ќе оди малку подалеку да се помогне и во секторите каде што претходно не сме дале помош, како образовните процеси, згрижување на децата во предучилишна возраст и други мерки што значат стимулација. Тие можеби компаниите не ги гледаат како директна стимулација, но ќе ги ослободиме од некој финансиски товар“, изјави вицепремиерот Битиќи.
Дел од бизнис секторот деновиве ја предупреди владата дека фирмите едвај ги покриваат основните месечни трошоци и секојдневно ги зголемуваат долговите, а дел се принудени и да стават клуч на врата. Владиниот економски тим најави економски раст од 4 насто, намалување на сиромаштијта под 16 проценти, едноцифрен процент на невработеноста, одржлива економија. Ги повика синдикатите, коморите и експретите заедно да ја работат платформата за економски развој на државата. Битиќи најави дека следната недела ќе почне реализацијата на бескаматната кредитна линија преку Развојната банка тешка 31 милион евра, дел од третиот сет на мерки.
Сузана Фиданска Стоевска
