Се решава проблемот со цврстиот отпад во северо- источниот регион
Со изградба на горилница за цвст отпад и санитарна депонија ќе се реши проблемот со сметот во северо-источен регион
Општините од северо-источниот регион до изградбата на регионалната депонија ќе треба сами да го менаџираат депонирањето на цврст отпад. Сметот се депонира на постоечки депонии кои не ги задоволуваат стандиите за современа санитарна депонија. Крива Паланка обезбеди дополнителни три парцели на депонијата Конопница каде ќе се депонира отпадот до 2017-тата.
„Проектот за регионална депонија се уште не е дефиниран како ќе се реализира.Во договорот за јавно приватно партнерество ќе биде означено на кој начин Општините ќе го носат сметот до новата депониј.Ќе се договориме дополнително и како ќе се покриваат трошоците и дали јавното претпријатие ќе го носи сметот или ќе го одлага тука“, изјави Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алековски.
Проектот за решавање на цврстиот отпад во северо-источен и источен регион поддржан е од Европската унија и предвидува изградба на една или две санитарни депонии и горилница за цврст отпад која ќе биде изградена во кумановското село Доброшане.
„Врз основа на проектот може да се изработи ИПА апликација , тоа е трета компонента од фондовите за регионален развој поголеми проекти од над 10 милиони евра.Тие средства ќе бидат инвестирани во изградба на горилница за цврст отпад“, вели Младен Протиќ, претседател на канцеларијата за североисточен плански регион.
ЕУ ќе финасира проекти за иработка на регионални планови во висина од 1, 14 милиони евра , од кои придобивка ќе имаат 17 Општини во двата региони и околу 400 иљади жители.
Габриела Димковиќ
