Персоналниот состав на собраниските комисии на пленарна седница
14.09.2020 10:42
Ќе се разгледува предлог- одлуката за избор на претседатели, нивни заменици, членови и заменици членови на работните тела. Власта и опозицијата постигнаа консензус.

Пленарна седница во Собранието. Ќе се разгледува предлог- одлуката за избор на претседатели, нивни заменици, членови и заменици членови на работните тела. Власта и опозицијата постигнаа консензус.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум комисии, ДУИ со три, Алијанса за Албанците и Алтернатива добиваат две комисии, а Беса една.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе учествуваат на седницата. На пленарката треба да биде верификуван и мандатот на пратеник од СДСМ, кој доаѓа на местото на Јагода Шахпаска, која е избрана за министер за труд и социјала.
