Заев утре и задутре во работна посета на Грција

14.09.2020 11:09

Покрај средбата со премиерот Мицотакис, Заев ќе учествува и на 24-та Тркалезна маса со грчката влада, во организација на угледниот магазин „Економист“. Ќе говори на панелот посветен на Западен Балкан.

Премиерот Заев утре и задутре во работна посета на Грција. Покрај средбата со премиерот Мицотакис, Заев ќе учествува и на 24-та Тркалезна маса со грчката влада, во организација на угледниот магазин „Економист“. Ќе говори на панелот посветен на Западен Балкан.

Најавено е учество и на поранешните претседатели на Црна Гора и Србија, Филип Вујановиќ и Борис Тадиќ, на екс- премиерот на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија, и на поранешната министерка за надворешни работи на Грција, и актуелна пратеничка од Нова демократија, Дора Бакојани.

Премиерот Заев во среда ќе има работен ручек со неговиот домаќин Кирјакос Мицотакис.