Средба Путин- Лукашенко поради кризата во Белорусија

14.09.2020 10:33

Официјална Москва соопшти дека е составен и контингент на безбедносни сили кој би интервенирал во случај на грабежи на протестите во Белорусија.

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко посветена на постизборните протести во Минск и други градови во кои има масовно апсење на демонстранти.

Опозициските сили се револтирани поради резултатот од гласањето на 9 август со кое Лукашенко доби убедлива победа и нов мандат по речиси тридецениско владеење во оваа источноевропска земја.

Официјална Москва соопшти дека е составен и контингент на безбедносни сили кој би интервенирал во случај на грабежи на протестите во Белорусија.

Аналитичарите сметаат дека Путин може конечно да ја добие шансата да го принуди неговиот белоруски колега целосно да ги прифати условите од Спогодбата од 1997 година со која владата во Минск се обврза да се интегрира во фискална, политичка и економска унија со својот поголем сосед.