Десетици мртви во пожарите на западниот брег
Високо аерозагадување во Калифорнија, Орегон и Вашингтон...

Над 30 жртви во пожарите на западното крајбрежје во САД. Огнениот појас се прошири од Калифорнија, па сè до Вашингтон. Спасувачките екипи со помош на дресирани кучиња ги обиколуваат подрачјата во потрага по преживеани. Жителите на пацифичкиот брег се соочуваат и со исклучително низок квалитет на воздухот поради слоевите чад од пожарите.
„Роден сум овде, пред 59 години. Во последниве години нешто се случува. Си мислевме дека летово ќе помине без пожар.“
„Полошо не сум видела. Гледав снимки, но илјадници пати е полошо од она што го замислував.“
Белата куќа најави посета на претседателот Доналд Трамп во Калифорнија. Претходно тој побара одговорност од гувернерите на западното крајбрежје за кризата која ги предизвикала пожарите во последните неколку години, ставајќи акцент на како што вели „несоодветното одржување на шумите“. Неговиот опонент на претстојните избори Џо Бајден тврди дека климатските промени се причина за огнениот појас во овој дел од САД.
