Нема нови случаи на Ковид-19 во градинките
Во скопската градинка Корчагин до вчеравечер никој од вработените не пријавил симптоми на вирусот, откако една вработена непосредно пред отворањето на установата пријавила дека е позитивна на вирусот. Утрово таму се згрижувале деца бидејќи изминат е периодот од седум дена препорачан од епидемиолозите...

Нема нови случаи на коронавирус во детските градинки низ земјава. Откако вирусот беше потврден кај вработени во две градинки во Скопје и Битола тие денес функционираат непречено – велат од Министерството за труд и социјална политика.
Во скопската градинка Корчагин до вчеравечер никој од вработените не пријавил симптоми на вирусот, откако една вработена непосредно пред отворањето на установата пријавила дека е позитивна на вирусот. Утрово таму се згрижувале деца бидејќи изминат е периодот од седум дена препорачан од епидемиолозите како клучен за појава на симптомите.
И битолската градинка каде во петокот негувателка пријави дека е позитивна на коронавирусот денес работи нормално. Нови случаи со симптоми на вирусот нема. Се почитуваат мерките и во домашна изолација се пет деца, три негувателки и две воспитувачки.
Установата за згрижување деца во Свети Николе во средата не започна со работа, бидејќи една од вработените имала позитивен тест на Ковид-19, се чекаат препораките од Центарот за јавно здравје.
