Мала застапеност на жените- книжевници

13.03.2014 10:03

Иако жената е најопеана во сите книжевни дела, сепак таа како книжевник е малку присутна. На денот на жената 8-ми Март, започнаа и активностите поврзани со Струшките вечери на поезијата. Заклучокот на оваа тема е уникатен, само преку еманципација на мажот можна е еманципација и на жената...

Меѓународниот ден на жената 8- ми Март, „Струшките вечери на поезијата“ во соработка со „Сороптимист“ клубот од Струга го одбележаа 8ми Март на еден поинаков несекојдневен начин. Наспроти традиционалните прослави во Спомен куќата на Браќата Миладиновци се одржа книжевна дискусија на тема „Жената книжевник“. 
 
Иако жената е најопеана во сите книжевни дела, сепак таа како книжевник е малку присутна. На денот на жената 8-ми Март, започнаа и активностите поврзани со Струшките вечери на поезијата. Заклучокот на оваа тема е уникатен, само преку еманципација на мажот можна е еманципација и на жената.
 
„Само преку еманципација на мажот можна е еманципација и на жената. На жената до ден денес и е потребна сопствена соба за да твори, онаа соба позната на Вирџинија Луф. Поразителен е фактот дека само две жени се вклучени во лектирните изданија, едната е познатат Оливера Николова-Зоки Поки а другата е Жорсанд со Псевдоним. Но гледано наназад а посебно последниве години гледаме дека се зголемува бројот на жени кои се добитнички на Нобеловата награда, што најверојатно се должи на феминистичките лоби групи кои се повеќе ги има и на светско ниво“, истакнува поетесата Мерсиха Исмајлоска.
 
„Сороптимист“ кој кај нас постои две години, како интернационална организација формирана во 1924 составена од жени од различни професии, чија главна цел е да изградат подобар свет за жените и девојките преку зајакнување на свеста, застапување и активизам, потенцираат дека оваа дускусија е со цел да се претстави жената од еден поинаков аспект:
 
„Во сораоботка со „Струшките вечери на поезијата“ го организиравме овој настан со цел да се претстави жената од еден поинаков аспект, нејзината призненост во литературата, нејзината активност и опфатеност пред се во образовниот систем. На пример колку женскиот автор е застапен во лиературата, во лектирата, во изучувањето, едно гледиште пред и потоа“, рече на вечерашната дискусија Валентина Тодороска од  „Сороптимист“ Клубот од Струга.
 
Ова е почеток на многубројните активности кои ќе бидат посветени на уметноста, филмот, литературата и културата во пресрет на 53-то издание на светската манифестација „Струшки вечери на поезијата“.
 
„На оваа тема се проговори за сите оние теми, провокации и предизвици кои во последните сто и педесет години беа присутни во книжевната и научната јавност, но и во секојдневното живеење. Ние колку што е можно во рамките на една ваква книжевна дискусија ќе проговориме за жената книжевник, одново да проговориме за предизвиците на феминистичката критика, за наградите, за актуелната ситуација во однос на улогата и местото на жената во современите книжевни текови“, истакна директорот на „Струшките вечери на поезијата“ , Мите Стефоски.
 
Според податоците  две жени- поетеси се добитнички на престижната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата која се се доделува за целокупен поетски опус и тоа српска поетеса  Десанка Максимовиќ во 1988 и Ненси Морехон кубантската поетеса во 2006 година. 
 
 
Јованчо Наумоски