Прво рочиште за тужбата на Катица Јанева против Бојан Јовановски

14.09.2020 12:17

При презентирањето на материјалните докази во предметот „Рекет“, во судница беше прикажана фотографија на која се гледа екс-јавната обвинителка во нејзниот дом, а пред неа сноп со пари...

Во скопскиот Кривичен суд закажано првото рочиште од новиот предмет во кој Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски за нелегално снимање.

При презентирањето на материјалните докази во предметот „Рекет“, во судница беше прикажана фотографија на која се гледа екс-јавната обвинителка во нејзниот дом, а пред неа сноп со пари, за кои обвинителството тогаш тврдеше дека се во апоени од по 500-ни евра. Тие се од вештачењето на мобилниот на првообвинетиот Бојан Јовановски.

Во „Рекет“ јанева доби казна седум години затвор , а Јовановски девет.