Маричиќ најави европски мониторинг на судските процеси
Загриженоста од недовербата на граѓаните во судството е главниот мотив на новиот министер за правда. Тврди дека идната година ќе има европски мониторинг на судски предмети поврзани со висока корупција и модел за прочистивање во ресорот во првите 100 дена влада. Најави отворени кандидатски листи за локалните избори в година...

Независноста и ефикасноста на судската власт се клучни за враќање на довербата на граѓаните – смета министерот за правда Бојан Маричиќ. Вели, не смее да има недопирливи, сите треба да се еднакви пред законот. Најавува мисија за враќање на надежта на граѓаните во правосудството преку зголемување на одговорноста, отчетноста и ефикасноста на судиите и обвинителите. Очекува на пролет ЕУ мониторинг на судски случаи од висок профил.
Маричиќ верува оти е можно да се постигне согласност за отворени советнички листи и на локалните избори во октомври следната година да се гласа со преференцијални гласови. Тоа, вели е чекор напред кон определбата за отворени кандидатиски листи и за една изборна единица.
По усвојувањето на предлог- измената на Законот за судските такси, за нивно намалување од владата, министерот за правда најави ревизија по случаен избор на пет проценти од предметите кои застареле, дигитализација на правосудството и кадровско зајакнување на судовите и обвинителствата.
Наташа Гркова- Петрушевска
