Одложено рочиштето за тужбата на Јанева против Јовановски

14.09.2020 15:45

Екс- специјалната обвинителка го сомничи Јовановски дека во временски интервал од неколку месеци, тој тајно ја снимал и фотографирал. Адвокатот на Јанева до судот достави 22 фотографии.

Во скопскиот Кривичен суд  одложено рочиштето од новиот предмет во кој Катица Јанева приватно го тужи Бојан Јовановски за нелегално снимање. Ниту тужителката, ниту пак обвинетиот не се појавија во судницата. Јовановски се наоѓа на болничко лекување.

Екс- специјалната обвинителка го сомничи Јовановски дека во временски интервал од неколку месеци, тој тајно ја снимал и фотографирал. Адвокатот на Јанева до судот достави 22 фотографии.

Јанева од главниот град се врати во родната Гевгелија, каде во семејниот дом ќе остане во куќен притвор до правосилност на пресудата за случајот „Рекет“ за кој доби 7 години затвор.

Апелациониот суд не ја пушти на слобода, но не го прифати ниту барањето на обвинителката да биде вратена  во притвор поради опасност од бегство поради високо изречената казна.