Малезиските власти во потрага по остатоците од исчезнатиот авион

13.03.2014 10:24

Вчера Кинеската агенција за наука објави сателитски снимки за кои се верува дека се од боингот кој пред шест дена исчезна за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг...

Властите на Малезија и Кина испраќаат авиони во областа каде што кинеските сателити открија три пловечки објекти за кои се претпоставува дека се остатоци од исчезнатиот малезиски џамбо џет.

Вчера Кинеската агенција за наука објави сателитски снимки за кои се верува дека се од боингот кој пред шест дена исчезна за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.

Според сознанијата тие биле направени ден по падот на авионот, а за прв пат беа вчера објавени.

Десетина земји се вклучени во потрагата по леталото во кое имаше вкупно 239 патници и членови на екипажот.