Влада

Хронично болните, родителите на деца до 10 години, вработените со продолжено породилно отсуство од 23-ти се враќаат на работа

14.09.2020 16:37

Вработените ослободени од работа според листата на хронични болести, со исклучок се оние со потврда од лекар-специјалист, сите родители на деца кои досега беа ослободени се враќаат на извршување на работните задачи од 23-ти септември. Престанува да важи мерката за продолжено породилното отсуство. Донесени препораки за организирање на настан...

Во среда од 23-ти септември покрај хронично болните лица на работа се враќаат и вработените со продолжено породилно отсуство. Владата на седницата донесе одлука и родителите на деца до шест и до 10 годишна возраст да почнат со редовната работа. Во соопшението од владата се посочува дека градинките веќе отпочнаа со работа, а родителите чии деца од шест до 10 годишна возраст се вклучени во воспитно – образовниот процес во училиште, да се вратат на своите работни места и, без разлика на начинот на кој детето ќе ја следи.

Владата ги прифати препораките за организирање на настани со што се препорачува задолжително одржување на физичка дистанца од два метри: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот.