Почнува обесштетувањето на депонентите од Еуростандард банка
Според најавата од Фондот за осигурување на депозити, ќе добијат 1 милијарда 850 милиони 889 денари, а исплатата се одвива преку четири банки...

Денес почнува исплатата на обесштетувањето на штедачите на Еуростандард банка. Според најавата од Фондот за осигурување на депозити, ќе добијат 1 милијарда 850 милиони 889 денари, а исплатата се одвива преку четири банки.
Депонентите чие презиме почнува на буква од „а“ па до „д“ ќе ги исплаќаат експозитурите на Комерцијална банка. Штедачите со презиме од „ѓ“ до „љ“ ќе добијат пари на шалтерите на НЛБ банка. Депонентите чие презиме почнува со „м“ па до „р“ ќе се обесштетуваат на шалтерите на Стопанска банка. Штедачите со презиме од „с“ до „ш“ преку шалтерите на Халк банка.
Слични правила важат и за самостојните вршители на дејноста со личен труд, трговци поединци, адвокати, извршители. Покрај документот за идентификација, ќе треба да приложат и доказ за регистрација на стопанска дејност.
Средствата ќе се исплаќаат лично на депонентот, со приложување важечки документ за идентификација, односно на полномошник, заверен на нотар.
