Нови гуми за возбудливи квалификации
Очекувано, ФИА ги одобри најавените измени за квалификациите во Ф1 по што се очекува саботите да бидат многу повозбудливи. Сега тимовите што ќе обезбедат настап во третата сесија од квалификациите ќе имаат на располагање нов сет пневматици и нема да мораат да ги штедат. Промените се следни:

Првата сесија место 20 ќе трае 18 минути за сметка на третата што место 10 ке се продолжи на 12 минути. 16 болиди што ќе обезбедат настап во втората сесија ќе добијат нов сет пневматици, но нив ќе можат да ги користат само 10-те билиди што битката за пол позиција ќе ја продолжат во третата сесија. Сите на крајот на квалификациите го враќаат дополнителниот сет на пневматици, а првите 10 ќе стартуваат на пневматиците со кои поставиле најдобро време во втората сесија. Сето тоа овозможува најдобрите 10 во третата сесија да имаат комплетно нов сет и да не ги штедат пневматиците во битката за првата позиција на стартот.
„Промените се добредојдени, конечно ќе видиме многу болиди на патеката во третата сесија“-задоволен вели Алонсо.