ВМРО-ДПМНЕ организира протестен собир за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев

15.09.2020 10:39

Најавено е дека протестот ќе почне вечер, пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.

Најавено е дека протестот ќе почне вечер, пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки, потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ. Опозициската партија претходно најави повеќе тематски протести, а веќе организираше два протеста за поскапувањето на струјата.