Бела куќа

Потпишување на договорот меѓу Израел и ОАЕ во Вашингтон

15.09.2020 10:44

Двете држави на 13 август се согласија да воспостават целосни дипломатски односи, што беше поздравено како историски чекор што ќе го унапреди мирот на Блискиот исток.

Израел и Обединетите Арапски Емирати во Белата куќа ќе потпишат договор за нормализација на односите. Двете држави на 13 август се согласија да воспостават целосни дипломатски односи, што беше поздравено како историски чекор што ќе го унапреди мирот на Блискиот исток.

Со договорот, на кој посредуваше и американскиот претседател Трамп, Обединетите Арапски Емирати станаа првата земја од Персискиот Залив која воспоставува целосни дипломатски односи и трета арапска земја која има активни дипломатски односи со Израел.