СЗО: Ова нема да биде последната пандемија
15.09.2020 10:57
Во светот се потврдени повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и речиси еден милион смртни случаи...

Шефот на светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека Ковид-19 нема да биде последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции за спречување натамошни пандемии.
Нагласи дека светот мора да биде подготвен, додавајќи дека тоа не е заплашување, туку повик за акција.
Во светот се потврдени повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и речиси еден милион смртни случаи. 19,7 милиони луѓе се опоравиле од Ковид-19.
