Турско- руски разговори за Сирија и за Либија
Русија ги поддржува силите на одметнатиот генерал Калифа Хафтар, додека Турција и помогна на меѓународно признатата влада на националниот договор од Триполи да ја одбие офанзивата на Хафтар.

Турски и руски официјални лица неделава во Анкара ќе одржат нова рунда разговори за Сирија и Либија. Анкара и Москва се главните посредници во Либиската војна и разговараа за постојан прекин на огнот и за политичко решение на конфликтот во таа северноафриканска земја.
Русија ги поддржува силите на одметнатиот генерал Калифа Хафтар, додека Турција и помогна на меѓународно признатата влада на националниот договор од Триполи да ја одбие офанзивата на Хафтар.
Русија, заедно со Иран, ги поддржуваат силите на претседателот Башар Ал-Асад, а Турција ги поддржува бунтовниците кои сакаат да го соборат од власт.
