Дете од градинка во Општина Центар позитивно на Ковид-19
Во градинка се појавило само на првиот работен ден на градинката, на 9-ти месецов, кога претојувало само еден час поради адаптација. Потоа родителите не го носеле во градинка, а воспитувачките биле известени дека е дома поради вадење на запчиња.

Прв случај на дете од градинка позитивно на Ковид-19. Заразено е 15 месечно дете кое било во јасли од „13-ти Ноември“ во Општина Центар, клон „Јасмин“. Информацијата за МТВ ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика.
Во градинка се појавило само на првиот работен ден на градинката, на 9-ти месецов, кога претојувало само еден час поради адаптација. Потоа родителите не го носеле во градинка, а воспитувачките биле известени дека е дома поради вадење на запчиња.
Позитивниот тест родителите го добиле вчера, а изутрината во градинката, според протоколите бил направен и епидемиолошки надзор. Во изолација оди целата група кај што било детето и воспитувачките.
Откако беа отворени градинките, беа регистрирани и два случаи на заразени вработени во една градинка во Скопје и една во Битола. Тие функционираат нормално. Во Свети Николе пак градинката воопшто не беше отворена, бидејќи една од вработените имала позитивен тест на Ковид-19.
