Физичка дистанца во изобилие, ученици премалку во битолското средно земјоделско училиште

15.09.2020 15:18

Битолското средно земјоделско училиште е едно од единаесетте општински училишта што поднесоа барање за почеток на учебната година со физичко присуство на учениците. Социјалната дистанца, тука е толку голема што осумте запишани ученици во прва година, можат поединечно да седат во клупа, но притоа да останат слободни уште пет клупи во училницата...

Социјална дистанца во изобилие, ученици премалку, ваква е состојбата во средното училиште „Кузман Шапкарев“. Во шега велат, ако ги сместуваме новозапишаните ученици секој би добил засебно по една училница и уште пет би останале празни. Раскошот од простор важи и на генерално ниво.

На денешниот состанок со родителите, доминираше ставот за физичко присуство, но мора да се слушне и малцинството.

За физичко присуство на учениците, едногласни и 24-та професори. Но, сепак, велат ќе ја почитуваат одлуката на комисијата. Одлично опремените училници, поставувањто и на доплонителна сопствена платформа даваат можност и онлајн наставата.

За раководството, поопасен е вирусот што последнава декада е присутен при упусите.

Стравот е раелен и оправдано е прашањето дали во догледно време можеме да останеме без земјоделски кадар во земја која се декалрира за аграрна.

Стевче Митевски