Како стабилно да го одржувате нивото на шеќерот во крвта?

13.03.2014 10:30

Единствениот извор на гориво кој мозокот ефективно го користи е глукозата и потребно е минимум 15 минути пред нивото на глукоза во крвта да почне да се покачува...

Гладот е еден од симптомите на нискиот крвен шеќер и потребно е време за да се апсорбира храната и мозокот да добие сигнал дека се е во ред. Единствениот извор на гориво кој мозокот ефективно го користи е глукозата и потребно е минимум 15 минути пред нивото на глукоза во крвта да почне да се покачува. Можете и да не почуствувате олеснување извесен период после третманот.

Користете третмани со ниско ниво на глукоза (15 грама јаглехидрати) како и сокови. Секогаш имајте при рака некој вид на чоколадо, на масичката до креветот, во ташната, во џебот, на работното место, во автомобилот.

Користете таблетки од глукоза за третман (тие немаат добар вкус, но делуваат многу брзо зошто се направени од чиста глукоза и вашето тело нема да губи време за конвертирање во обична глукоза за да ја искористи како енергија).

Кога чувствувате дека имате ниско ниво на шеќер, каснете нешто благо и потоа повторете го процесот по 15 минути.

Кажете си себеси дека без разлика колку и да јадете потребни се 15 минути пред да почне нивото на шеќер да се покачува.

Ако понекогаш и се прејадете, не се обвинувајте, запомнете дека сте сепак само човек.