Лезбос

Германија ќе прифати 1.500 бегалци кампот Морија

15.09.2020 15:28

Повеќе од 12 илјади луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и Сирија, останаа без покрив над главата и храна и вода откако избувна пожар во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос.

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер објавија дека ќе прифатат 1.500 бегалци од грчките острови. Станува збор повеќе семејства со деца.

Повеќе од 12 илјади луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и Сирија, останаа без покрив над главата и храна и вода откако избувна пожар во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос.

Ја гледате нашата ситуација. Немаме каде да одиме во тоалет. Нема доволно вода, ниту храна. Денеска воопшто не добивме храна. Дури на крајот од денот ни дадоа. И како што можете да видите, на улица сме.“

Мислам дека немаме добра иднина, бидејќи не е лошо, туку е многу лошо. Многу е лошо“- велат мигрантите.

Жените и децата протестираат во кампот „Кара Тепе“ во градот Митилена на Лезбос. Одбиваат сместување во привремен камп и бараат преместување на грчкото копно.

Ги ставаме нашите животи во опасност доаѓајќи овде. Кога исполовивме во морето не знаевме дали ќе живееме или ќе загинеме. Ја минавме границата. Претходно слушавме дека овде се почитуваат човековите права, но откако пристигнавме гледаме дека нема никаква поддршка.“

Вкупно 800 мигранти се сместени во новиот камп. 21 од нив се позитивни на Ковид-19.

 

Марина Ристова