Николовски: Новата влада отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата

15.09.2020 15:40

Новата влада отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, изјави Љупчо Николовски, заменик- претседател на владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот. Вели, во периодот што следува новата влада е цврсто решена да се спротивстави на корупцијата и криминалот...

Новата влада отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата. Граѓаните имаат право да знаат како се трошат буџетските пари и како работат или не работат институциите, оценка при првата прес - конференција  на вицепремиерот Николовски. Новата влада ќе работи на редефинирање на кодексот за етичко однесување на функционерите на извршната власт.

Николовски го најави принципот на нулта толеранција за корупцијата за целата администрација и секој што ќе направи злоупотреба ќе сноси одговорност.

Една од задачите на Николовски ќе биде премостувањето на пречките во меѓусебната комуникација на надлежните институциуи. Со постојани контакти да се дојде до резултат на дневно ниво.

Објавувањето извештаи за работењето, програмите и нивно остварување од институциите ќе биде задолжително, рече Николовски.

Ана Јосифоска- Тодоровска