Маричиќ најави попис во април наредната година
Во април наредната година попис, мали измени во законот, паднал договор меѓу ДУИ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ стравува од политичка, наместо статистичка операција. Ќе се менува Изборниот законик, избирачкото тело се сместува во една изборна единица...

Законот за попис ќе претрпи измени на претходното решение што беше во собраниска постапка, по што ќе се најде пред пратениците. Министерот за правда Маричиќ очекува донесување до крајот на оваа, и негово спроведување наредната година. Според министерот, коалициските и владини партнери планираат да го спроведат во овој период.
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ стравува од можни политички импликации во оваа, велат, статистичка операција.
Сепак на иста линија за отворените листи во корекциите на Изборниот законик се и власта и опозицијата. Иако, претходно немало волја за една изборна единица, сега според Маричиќ интензивно се преговара со ВМРО-ДПМНЕ, што го потврдува и опозициската партија.
Министерот смета – изменетиот изборен законик ќе биде тест за наредните парламентарни избори. Маричиќ на брифингот со новинарите дополни и дека најавеното пречистување во правосудството не значи и прогон. Откривање судиите кои работат нечесно и непрофесионално. Најави и повторување на барањата за екстрадиција на лица од Косово, Унгарија и од Грција.
Наташа Гркова- Петрушевска
