Извозот може да се врати во нормални текови, без разлика на корона- кризата
Извозот на македонските производи не може да бара оправдување во крона- кризата, туку во носењето со тековите и барањата на пазарот. Иако кризата делумно влијаеше, поради забавениот транспорт на намалениот извоз до јули за 20 насто, сепак преструктуирањето, квалитетот, навремените испораки, неиспуштањето на работниците се пресудни за присуство на странските пазари. И државата треба да го одработи својот дел...

Извозот на македонските производи може брзо да се врати во нормалните текови иако до јули забележа пад од преку 20 насто, сметаат стопанствениците. Најприспособливата, прехранбената индустрија веќе прави пробив. Прилепската прехранбена индустрија стигна и до далечната Јапонија, исполнувајќи ги стандардите за квалитет и пробирливиот пазар.
Корона- кризата помогна, но не е главна за намалениот извоз. Во новите услови се промени приоритетот на купувачите. Според стопанствениците, нема дополнителни корона-бариери, туку најбитни се квалитетот, навремената испорака. Клучното, да нема повеќе испуштања на работниците, влијае и на извозот.
Државата мора да си го одработи своето. Без бирократски бариери, поддршка во преструктуирањето се дел од потребната помош во производството кое ќе му помогне на извозот. Инфраструктура е клучна.
Според стопанствениците, корона-кризата не смее да биде оправдување за намален извоз на странските пазари.
Елизабета Митреска
