Премиерата на детската балетска претстава “Петар Пан“

13.03.2014 10:36

Во сабота,  со почеток во 19 часот, Македонската Опера и Балет ќе одржи премиера на претставата за деца „ПЕТАР ПАН“. На сцената на МОБ за прв пат е изведена на 18 декември 1970 година.
Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Во новата ПРЕМИЕРА насловниот лик ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка: Игор Веланоски, Венди: Дафина Даниловска, Капетан Кука: Трајче Стојковски, Ѕвончица: Билјана Басмаџиева, Мајка: Билјана Пашариковска, Татко: Драган Кочоски, Џон: Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл: Лиле Миленковска, Тајгер Лили: Саша Евтимова, Индијански поглавица: Агим Бафтии, Нана: Стефан Кочевски, Сми: Лора Тарчуговска.