ПРОТЕСТ

ВМРО-ДПМНЕ: Гоце Делчев е црвената линија на нашиот идентитет и достоинство

16.09.2020 10:06

Вчеравечер во Скопје се одржа третиот протест на ВМРО-ДПМНЕ посветен на заштитата на идентитетот на идеологот Гоце Делчев. Следбениците и членовите на партијата протестираа од Министерството за правда до Министерството за надворешни работи. Гоце Делчев е црвената линија на нашиот идентитет и достоинство- порачаа од протест...

Гоце Делчев беше и ќе остане Македонец, ќе се сеќаваме на минатото врз што ќе ја градиме иднината. Ќе го продолжиме неговото дело на обединување, а не на разединување. Делчев е столбот на современата македонска држава и затоа не смее да биде предмет на преговори, порача од протестниот марш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој посочи дека во Република Македонија, на власт е мaфија, без вредности и ништо не им е свето. Ние, како Македонци, сме сега повикани, да ги спpечиме да го продадат идеологот, рече Мицкоски.

На протестот говореа и дручи членови на ВМРО- ДПМНЕ. Претседателот на Патриотскиот институт, Пандов порача дека во земјава живее еден чесен и достоинствен народ, кој што говори и пишува на македонски, со македонски идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека овие протести ќе се организираат сѐ додека власта не престане со погубните политики кои се спротивни на националните интереси. Маршот почна од Министерството за правда, а заврши пред Министерството за надворешни работи.

 

Игор Панов