СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ глумат дека се за членство во ЕУ
16.09.2020 10:22
Според партијата, бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев...
Три години губитникот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ, реагираат од СДСМ.
Според партијата, бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев. Залудна е глумата на Мицкоски, граѓаните знаат дека тој е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим, се вели во реакцијата од Социјалдемократите.
