Заев на работен ручек со Мицотакис
16.09.2020 10:40
Според најавите, дел од прашањата за кои ќе се разговара ќе бидат европската перспектива, билатералните односи, темите што произлегуваат од Договорот од Преспа...
Премиерот Заев е во работна посета на Грција. Денеска ќе има работен ручек со неговиот домаќин Кирјакос Мицотакис. Според најавите, дел од прашањата за кои ќе се разговара ќе бидат европската перспектива, билатералните односи, темите што произлегуваат од Договорот од Преспа.
Ова ќе биде втора средба на Заев и Мицотакис, по онаа пред една година во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Премиерот Заев учествува и на „24-тата тркалезна маса со грчката влада“, во организација на угледниот магазин „Економист“. Ќе говори на панелот посветен на Западен Балкан.
