Јошихиде Суга е избран за нов премиер на Јапонија
16.09.2020 11:02
Долниот Дом му даде доверба на поранешниот секретар на кабинетот на Абе...

Јошихиде Суга е новиот јапонски премиер. Кандидатурата на 71-годишниот поранешен секретар на кабинетот на Шинзо Абе беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер.
Неговиот претходник поднесе оставка поради здравствени проблеми. Еден од главните предизвици на новата влада ќе биде економијата и борбата со долгорочните последици од пандемијата со Ковид-19.
