Бруклин го приземји шампионот

13.03.2014 10:38

Њујорк му ја демонстрира силата, на стариот ривал Бостон. Клиперс стигнаа до 9-та, а Спас до 8-та победа во низа. Кавалирс го прекинаа постот, што траеше на претходните 4 меча.
 
Мајами го губи ритамот, оној со кој што минатата сезона ја обезбеди стартната позиција во доигрувањето, што подоцна му помогна да ја одбрани титулата. И трет пат сезонава, Хит губат од Нетс, сега на домашен терен со 95:96, што е втора победа за Бруклин со еден поен разлика во дуелите со актуелниот владетел во НБА лигата.
 
Пол Пирс имаше 29 поени, од кои дури 17 во третиот период. Мирза Телетовиќ постигна вкупно 17 поени, за 17 минути поминати на паркетот. Кај поразените, Крис Бош беше прв стрелец со 24 поени, пет повеќе од Леброн Џејмс и три повеќе од Двејн Вејд.
 
Со 19 поени во првиот период и вкупно 34 на крајот на мечот, Кармело Ентони беше прв стрелец на Никс во убедливиот триумф кај Селтикс (92:116). Тим Хардавеј Џуниор постигна 22 поена. На другата страна, Џеф Грин го заврши мечот со 27, а Хамфриз и Бејлис имаа по 15 поени.
 
Дирк Новицки се издвои со 31 поен, во триумфот на Далас против Џез (108:101). Мајкл Конли го постигна победничкиот кош за Мемфис против Њу Орлеанс, во победата 90:88. Фарид и Чендлер со 24 и со 21 поен, беа главните фигури во триумфот на Денвер кај Орландо (120:112).
 
Резултати:
 
Сан Антонио – Портланд 103:90
Феникс – Кливленд 101:110
Клиперс – Голден Стејт 111:98
Филаделфија – Сакраменто 98:115
Торонто – Детроит 101:87
Вашингтон – Шарлот 85:98