СЗО: Следната пандемија ќе биде катастрофална ако не ја научиме лекцијата од оваа
Доналд Трамп, претседателот на САД – една од најпогодените земји со ковид-10 - беше познат противник на рестрикциите, но во последното ТВ интервју категорично негира дека ги минимизирал реалните опасности од вирусот...

СЗО предупреди на уште поголема пандемија во иднина доколку не се примени наученото од сегашната со ковид-19. Доналд Трамп, претседателот на САД – една од најпогодените земји со ковид-10 - беше познат противник на рестрикциите, но во последното ТВ интервју категорично негира дека ги минимизирал реалните опасности од вирусот.
„Не сакав да се создава паника меѓу народот. Не го минимизирав, всушност, на многу начини, јас со моите постапки го покажав спротивното. Моите дела беа силни“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
СЗО соопшти дека повеќе од 11 милијарди долари се инвестирани во справување со пандемијата, а трошоците за мерките за превенција се само пет американски долари годишно пер капита.
