МОН објави јавен повик за име и лого за Националната платформа за онлајн учење
Преку платформата ќе се реализира учењето на далечина, и ќе се овозможи разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование.

Министерството за образование објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на националната платформа за учење на далечина. Мотото е „Од учениците, за учениците“.
Преку платформата ќе се реализира учењето на далечина, и ќе се овозможи разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование.
Идејните решенија може да се доставуваат најдоцна до 22 септември. Најдобрите пет решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на националната платформа за учење на далечина, на јавно гласање на учениците.
