Истражување: Половина од наставниците за службени потреби користат свој лаптоп, а една третина сопствен интернет
Скоро една третина од наставниот кадар изјавил дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. Има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап.

Речиси половина од анкетираните учесници пријавиле дека во училиштето за службени потреби, користат сопствен лаптоп. 85 насто од наставниот кадар за службена комуникација користи приватни имејл адреси, ова го покажало истражувањето на Фондацијата за интернет и општество- Метаморфозис, за спроведување на онлајн наставата во основните училишта.
Скоро една третина од наставниот кадар изјавил дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. Има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап.
Речиси сите учесници во истражувањето се согласни дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес.
Истражувањето е спроведено во периодот март – јуни со анонимна онлајн анкета.
