Обвинителството го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

16.09.2020 13:58

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издал наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање“, информира Обвинителството.

Како политичките партии се рекламирале во предизборниот период- ова ќе го проверува Обвинителството, бидејќи постои сомнеж дека политички партии платиле за реклами во интернет- портали кои биле непосредно отворени и имале мала посетеност.

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издал наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање“, информира Обвинителството.

Во кооринација со Министерството за внатрешни работи, утрово е спроведена акција, при која е одземена документација од три фирми кои ги основале порталите. Ќе се прибираат докази и од други релевантни институции, велат од Обвинителството.