Најмалку четири жртви во експлозијата на Менхетен

13.03.2014 10:39

Четири лица се евидентирани како загинати, 64 се повредени од кои осуммина деца во вчерашната несреќа во Источен Харлем, кога две петкатници се урнаа при експлозија предизвикана од истекување на гас...

Четири лица загинаа, а 60 се повредени во силна експлозија од која што се срушија две станбени згради на Менхетн, соопшија американски претставници.

Се уште е непозната судбината на девет лица.

Непосредно пред експлозијата станари од зградите пријавиле до надлежните служби истекување на гас, што се потврди дека е главна причина за инцидентот.

Приближно 250 пожарникари ги пребаруваат урнатините од двете петкатни згради со по 15 станови.

Поголемиот дел од настраданите лица имаат лесни повреди и се пушени од болница, додека само две од нив се во критична здраствена состојба.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио инцидентот го оцени како „ужасна трагедија“ и вети дека се ќе се направи за пронаоѓање на исчезнатите лица.