Во Атина средба Заев- Мицотакис

16.09.2020 15:05

Во Атина средба на премиерот Заев со грчкиот премиер Мицотакис. Во фокусот на разговорот, европската перспектива, билатералните односи, имплементација на Преспанскиот договор...

Премиерот Заев во Атина на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. На маса- европската перспектива, билатералните односи, темите што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Предходно, премиерот Заев имаше средбата со грчката претседателка Сакеларопулу. Подготвени сме за натамошното имплементирање на акциониот план за интензивирање на соработката, согласно Преспанскиот договор, посочил Заев.

Македонскиот премиер говореше и на панелот, посветен на Западен Балкан. Најдобрата иднина за регионот се евроатлантските интеграции, и ниту една друга опција не е алтернатива, смета премиерот Заев.