Банкарскиот сектор стабилен, кредитни линии за поддршка на економијата
Раст на кредитите, но без повлекување на депозитите. Банкарите смируваат-и покрај кризата, состојбата е стабилна. Европската банка за обнова и развој вбризга осум милиони евра во македонската економија...

Има пораст на кредитите, но не и повлекување на депозитите, велат банкарите. И покрај кризата, системот е ликвиден, стабилен и е добро организиран. Првиот човек на НЛБ Банка, Антонио Аргир, вели дека од почетокот на пандемијата, кога се донесе одлуката за одложување на наплатата на дел од веќе постоечките кредити, зголемен е бројот на станбени кредити, пораст има и кај кредитите на фирмите.
Европската банка за обнова и развој преку две кредитни линии инјектира осум милиони евра во македонската економија, а се најавуваат и дополнителни средства. Целта е обновување на македонската економија од ковид-кризата.
Од Народната банка соопштуваат дека првичните податоци за август покажуваат дека вкупните депозити и вкупните кредити се со солиден годишен раст, кој е повисок во однос на проекцијата за третиот квартал од годината.
Ликвидносната позиција на банкарскиот систем во домашна валута е задржана на релативно солидно ниво. На стабилно и ниско ниво се одржува и просечната годишна стапка на инфлација.
Дијана Ценевска
