Злоупотребени имињата на 20 одбојкари

16.09.2020 15:59

Имињата на 20-тина одбојкарки и нивниот тренер од Струмица од синоќа кружат по социјалните мрежи, дека наводно се позитивни на Ковид-19. Од клубот не само што демантираа, туку заедно со родителите поднесоа кривична пријава за нарушување на честа и угледот …

Злоупотребени имињата на 20-тина малолетни одбојкарки од Струмица заедно со нивниот тренер и претседател на клубот кои од синоќа се најдоа на список кој кружи на социјалните мрежи, со наслов дека се позитивни на Ковид 19. Експресно денес демант пристигна од претседателот на клубот, а поднесена е и кривична пријава против сторителот кој ќе одговара за нарушување на угледот не само на клубот туку и девојчињата.

Василев потврди дека две одбојкарки од клубот се позитивни и нивната здравствена состојба е стабилна и се на домашно лекување, во добра општа здравствена состојба се и девојките коишто се во изолација, а изолацијата завршува за два дена.

СВР Струмица по комплетирањето на потребните податоци ќе поднесе пријава и до ОЈО Струмица, а сторителот ќе ја сноси одговорноста за стореното кривично дело.

Родителите на девојчињата чии имиња се најдоа на синоќешниот список, најостро ги осудуваат невистините, а ја разгледуваат и можноста за поднесување на дополнителна кривична пријава во која ќе бараат најостра казна кон сторителот.

Стојне Митева