Хипохондрија
Хипохондријата може да биде предизвикана од некоја трауматска случка како што е смрт или болест во семејството, негување и водење грижа за тешко болни пациенти, развод или неуспех во кариерата. Хипохондријата всушност претставува синдром кој во себе содржи голем број симптоми поврзани со разни болести. Хипохондриците често обичните и нормални чувства ги сфаќаат како нешто да не е во ред со нивното здравје и тоа ги оптоварува психички.
Хипохондријата може да биде предизвикана од некоја трауматска случка како што е смрт или болест во семејството, негување и водење грижа за тешко болни пациенти, развод или неуспех во кариерата. Хипохондријата всушност претставува синдром кој во себе содржи голем број симптоми поврзани со разни болести. Хипохондриците често обичните и нормални чувства ги сфаќаат како нешто да не е во ред со нивното здравје и тоа ги оптоварува психички. Вниманието најчесто им е насочено на срцето и притисокот како и на органите за варење.Веруваат дека болеста или нарушувањето се навистина присутни и поради тоа се изложуваат на многубројни непотребни прегледи и испитувања. Негативните наоди по прегледите и лабораториските испитувања само на кратко ги разубедуваат и набргу по тоа симптомите повторно се враќаат.
Секојдневно гледаат дали младежите ја менуваат бојата, колку се натечени жлездите, ги наслушуваат необичните звуци за време на дишењето. Кога ќе дојдат до заклучок дека се е во ред, не го победуваат стравот туку со самопрегледување откриваат нови симптоми и така до бесконечност. Всушност најголемиот дел од денот размислуваат за болести и за смрт. Во таква состојба до израз доаѓаат депресијата и анксиозноста. Таквите луѓе стануваат претерано плашливи чувствуваат внатрешен немир и напнатост, губат концентрација и меморија.
Покрај тоа стануваат раздразливи и пречувствителни на бучава, не можат да заспијат а кога ќе успеат да потонат во сон често се будат во текот на ноќта и имаат лоши соништа и кошмари. Дека се заплеткани во мрежата на анксиозноста покажува чукањето и прескокнувањето на срцето, чувството на недостаток на воздух или отежнато дишење, чувство на стегање во градите, сува уста со тешкотии при голтање како и чувство на надуеност и непријатност во стомакот.Убедени се дека боледуваат од неизлечливи болести како карцином, СИДА, мултиплекс склероза, дијабетес.
Константно поставуваат дијагнози, постојано имаат несвестица, постојано го набљудуваат сопствениот измет, постојано мерат крвен притисок и температура. Хипохондриците многу читаат медицинска литература, ги распрашуваат луѓето околу себе дали и тие имаат исти симптоми, а кога се огледуваат во огледало воздивнуваат.Лицата кои бегаат од обврски во хипохондрија, се обидуваат да привлечат внимание и да добијат нега. Во секој случај за нивно лекување неопходен е психијатар. Лекувањето е долготрајно и се сведува на комбинирање на антидепресиви и анксиолитици, како и третмани на психотерапија. Хипохондерот не оди доброволно кај психијатар, па затоа му е потребно некој да го придружува. Пожелно е некој од неговите блиски да се вклучи во психотерапијата.
На хипохондерот не треба да му се прифаќаат постојаните барања за извршување дополнителни медицински прегледи. Исто така не треба да се преземаат неговите обврски бидејќи на тој начин се поттикнува неговата пасивност, па изгледа како да е награден за болеста. Работите така само се комплицираат, проблемот не се решава, а хипохондријата само се влошува.Никој не треба да го убедува хипохондерот дека е здрав, повикувајќи се на логиката, никој не треба да го обвинува или исмева бидејќи хипохондријата е резултат на работата на неговата несвесна психа. Тој всушност не лаже и не е одговорен за своите тегоби. Не трудете се да го промените, но не дозволувајте му постојано да зборува за својата болест. Одвреме-навреме сослушајте го и помогнете му прецизно да ги дефинира своите стравови. Тоа ќе му даде чувство на прифатеност.Постојаната загриженост за сопственото здравје и живот може да доведе до зголемена активност на несвесната автосугестија, која може да предизвика физички симптоми, верни имитати на симптомите на правата телесна болест.Здравата исхрана и физичката активност може да ја вратат вербата во силата на сопственото тело. Исто така, треба да се прекине со барање алтернативни објаснувања за телесните сензации кои се толкуваат како симптоми на некоја сериозна болест. На сите ни се случуваат нормални промени во организмот кои се условени од промената на времето, заморот, стресот.
