Ковид-19: Брзо ширење на вирусот пред почетокот на зимата
Од СЗО апелираат луѓето со висок ризик да се вакцинираат против сезонски грип. Во меѓувреме бројот на новозаразени од ковид-19 во светот го надмина 30-иот милион.

Светската здравствена организација предупреди дека Ковид-19 се шири со алармантна брзина во делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип. Според експертите, ситуацијата е загрижувачка, особено што се поголем број на лица примени на интензивна нега, се на возраст меѓу 15 и 49 години.
Од СЗО апелираат луѓето со висок ризик да се вакцинираат против сезонски грип. Во меѓувреме бројот на новозаразени од ковид-19 во светот го надмина 30-иот милион.
Црн биланс бележи Индија во која се регистрирани над 97 илјади нови случаи во само еден ден. Нагорен тренд на новозаразени секојдневно се регистрира и во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои држави во САД.
